• Иван Димовски
Се потврдија најголемите стравови на Јувентус, бидејќи на долг рок го загубија својот најдобар стопер Глеисон Бремер.
Бразилецот во мечот против РБ Лајпциг заработи повреда поради која мораше да биде заменет. И првичните најави не беа добри за Бремер, а откако се направија дополнителни тестови стана јасно дека стоперот има тешка повреда. Бразилскиот дефанзивец ги стигна предните вкрстени лигаменти, а има и проблем со менискусот.
Сигурно е дека за целосно заздравување ќе биде потребна операција, што значи дека сезоната за Бремер е готова. Паузата за вакви повреди е осум до десет месеци, во најдобар случај Бремер би можел да се врати на почетокот на следната сезона.
Во дефанзивата мота ќе мора да се снаоѓа со Гати и Калулу, а ќе бара помош и од бековите Данило, Кабал, Камбиасо...