Крај на серијата: Ренџерс на Џерард загуби по 40 натпревари пауза! (ВИДЕО)

Џерард

Даанди Јунајтед со минимален резултат ги освои трите бода на дуелот со Глазгов Ренџерс (1-0) во второто коло од шкотската Премиер лига.

Фаворитот не беше надигран, но прими погодок во вториот дел и не успеа да избегне пораз. Џејми Робсон беше херојот на домашната екипа на оваа средба.

Тимот предводен од Стивен Џерард по долго време загуби првенствен меч. Поточно по пауза од 40 натпревари на кои не знаеше за неуспех.

Медиумите пишуваат дека нешто не е во ред во екипата на Ренџерс, која неодамна загуби од Малме во квалификациите за Лигата на шампионите.