ВИДЕО: Крај на серијата од 15 меча, Косово прими пет парчиња во Англија

Фудбалската репрезентација на Косово по петнаесет натпревари за првпат доживеа пораз и во рамки на квалификациите за ЕП 2020 на „Сент Мери“ во Саутемптон прими пет парчиња од Англија (5-3).

„Гордиот албион“ одигра моќно и го реши прашањето околу победникот во првото полувреме. Косово прво поведе, но со тоа само го налути фаворитот на хартија, кој постигна пет гола за само 45 минути и дојде до посакувани бодови пред својата публика.

Првото полувреме го одбележаа шест гола, но пет од нив беа во мрежата на Косовците. Интересно, гостинот од Приштина поведе прв, со гол на Бериша по 35 секунди игра, а потоа следеше вистинска канонада.

Со голот, Косово како да ги налути Англичаните, кои почнаа да играат во полна сила и дадоа пет гола. Во 8. минута од мечот, Стерлинг изедначи на 1-1, а потоа Кејн по асистенција на Стерлинг, во 19. минута го направи пресвртот. Во 38. минута, Војвода си даде авто-гол за 3-1, а потоа во 44. и 46. минута следеа два гола на Санчо и тоа пак по асистенција на Стерлинг, за 5-1 на паузата.

На стартот на вториот дел Косово постина нов гол во мрежата на Англија, преку Бериша за 5-2, а потоа, Муричи од пенал намали на 5-3, што воедно беше и конечниот резултат, иако и на двете страни имаше шанси за нови погодоци.

>>> ВИДЕО: Роналдо е машина – со ЧЕТИРИ гола ја уништи Литванија

На останатите натпревари, Албанија со 4-2 беше подобра од Исланд, Франција со лесни 3-0 го совлада аутсајдерот Андора, Турција беше убедлива кај Молдавија (0-4), 

Европско првенство, Квалификации, Група A
ОН П Н И Гол. ГР Форма Бод.
1 АнглијаАнглија 4 4 0 0 19:4 15 12
2 ЧешкаЧешка 1 5 3 0 2 9:8 1 9
3 КосовоКосово 1 5 2 2 1 10:10 0 8
4 БугаријаБугарија 5 0 2 3 5:11 -6 2
5 Црна ГораЦрна Гора 5 0 2 3 3:13 -10 2