Крај на серијата: Барди погоди, ама Леванте загуби (ВИДЕО)

Македонскиот репрезентативец и Енис Барди доживеаја пораз од Атлетик Билбао (1-2) во дуелот во рамки на 36. коло од шпанска Примера и дуел кој беше од поголема важност за гостинот од Баскија.

Билбао со трите бода во Валенсија остана во игра за Лигата на Европа. Барди погоди за домаќините во 71. минута по една добра акција, голот беше лесен, но дојде крај на серијата. Историјата велеше кога и да погоди Барди, Леванте не губи, ама ова е првпат да се случи такво нешто.

  • Голот на Енис Барди против Атлетик Билбао: 

Херој на гостите од Баскија беше Раул Гарсија, со два погодока во мрежата на Аитор Фернандез. Првиот гол гостинот го постигна во 4. минута, додека вториот падна пред самиот финиш на првото полувреме.

Билбао е на седмото место во Примера, таа позиција води во квалификациите за Лига Европа, додека Леванте се наоѓа на дванаесеттата позиција.