Крај на сагата: Трампата е комплетирана, Пјаниќ е нов играч на Барселона

Откако претходно беше потврдено дека Артур Мело се сели во Торини, Барселона потврди дека трампата е комплетирана и Миралем Пјаниќ ќе стави потпис на договор со популарната „блауграна“. 

  • Официјализација на трансферот: 

Босанецот ќе се обврзе на четиригодишен договор на „Камп Ноу“, а Барселона ќе исплати 60 милиони евра за неговите услуги. Во неговиот договор исто така ќе стои и откупна клаузула која ќе гласи 400 милиони. 

Фудбалерот кој претходно играше за Мец, Лион и Рома ќе го напушти Јувентус по 171 одигран меч, во кои постигна 22 голови и запиша 36 асистенции. Интересот за Пјаниќ не беше тајна, а пречка во преговорите беше Артур кој не сакаше така бргу да ја напушти Шпанија