Крај на сагата: Барселона ги победи премиерлигашите за потписот на Де Лихт

Екипата на Барселона ги договори условите за ангажман на Матијс Де Лихт, младиот дефанзивец кој настапува во редовите на Ајакс и важи за еден од подобрите стопери во Европа.

Ајакс имаше фантастична сезона во Лигата на шампионите, па почна со распродажба на фудбалерите. Еден од нив е и Де Лихт, за кого имаше интерес и од неколку клуба од англиската Премиер лига. Де Лихт ќе биде големо освежување за дефанзивната линија на Барселона и се очекува да биде играч кој на долги стази ќе го носи дресот на каталонскиот гигант.

За Де Лихт ова ќе биде прва авантура надвор од редовите на Ајакс. Тој е „дете“ на холандскиот тим, а покрај од Барселона, голем интерес за него постоеше од Манчестер Сити, Манчестер Јунајтед и Ливерпул.

Засега, не е позната сумата која Барселона ќе ја плати на Ајакс за ангажманот на Холанѓанецот. Покрај Де Лихт, од Ајакс во Барселона наредната сезона ќе игра и Френки Де Јонг.