• Саше Љолес
Поранешниот македонски репрезентативец, Аријан Адеми, спогодбено го раскина договорот со Динамо Загреб, на тој начин ставајќи крај на својата успешна етапа во редовите на хрватскиот гигант.
Адеми е најтрофејниот играч во клупската историја со 24 освоени титули, од кои дури тринаесет се во домашното првенство. Покрај тоа, има освоено седум Купови и четири Суперкупови.
Во дресот на Динамо одигра 430 официјални натпревари и стана втор фудбалер по бројот на настапи. Настапи и на 110 натпревари во евро-куповите, што го прави апсолутен рекордер на тимот од Загреб.
„Модрите“ му се заблагодарија со зборовите „Драг Аки, ти благодариме и среќно во новите фудбалски предизвици. Вратите на Динамо се секогаш отворени за тебе“.