• Мартин Танасковски
Еден од најстарите фудбалски клубови во Холандија – Витесе од Арнем – го загуби својот професионален статус, откако жалбата до Холандската фудбалска федерација која реагира по финансиски и организациски проблеми беше одбиена. Овој развој ги стави под сериозна закана иднината и постоењето на клубот, кој е основан далечната 1892 година.
Федерацијата ја потврди својата одлука преку официјално соопштение, потенцирајќи ја тежината на ситуацијата. Од управата на Витесе веднаш реагираа, изразувајќи големо разочарување од одлуката, која ја нарекоа „потполно поразувачка“. Клубот најави дека ќе ја бара правдата преку судски пат, иако шансите за позитивен пресврт се минимални.
Витесе има богато спортско наследство. Низ неговите редови поминале бројни значајни имиња од холандскиот фудбал – Едуард Стурлинг, Тео Бос, Џон ван ден Бром, Глен Хелдер, Филип Коку и Рој Макај, кои оставија трага и во националниот тим.
Во поновата историја, клубот беше познат по својата блиска соработка со англискиот гигант Челси, преку која дресот на Витесе го носеа фудбалери како Немања Матиќ, Мејсон Маунт и Мартин Одегард. Клубот беше и отскочна штица за играчи како Марко ван Гинкел и Вилфрид Бони, кои подоцна ја продолжија кариерата во големи европски клубови.
ФОТО: Vitesse / Facebook


