Крај на една ера: Касиљас по две децении нема да настапи во ЛШ

Икер Касиљас ЛШ

Елиминацијата на Порто од квалификациите за Лигата на шампионите донесе крај на долгогодишната серија на Икер Касиљас.

Португалскиот вицепрвак загуби на домашен терен и шокантно испадна од екипата на Краснодар од Русија. Ова е тежок удар за клубот, но и за шпанскиот голман, кој беше дел од елитата во последните 20 години.

Оваа авантура на легендарниот чувар на мрежата започна во сезоната 1999/00 кога доби шанса во Реал Мадрид. Од тој момент не пропушти ниту една сезона и одигра 177 натпревари.

Во двете декади, Касиљас прими 187 погодоци, а во 55 наврати ја сочува својата мрежа недопрена. Освои три титули, заедно со „кралскиот“ клуб, а во претстојната сезона нема воопшто да има можност да конкурира за нов трофеј.