Крај на една ера: Австралискиот херој Тим Кејхил замина во фудбалска пензија!

Тим Кејхил

Денешниот натпревар против Либан беше последен за Тим Кејхил во националниот дрес на Австралија.

Легендарниот напаѓач одигра само десет минути и доби стоечки аплаузи од присутната публика. Неговата репрезентација славеше со головите на Леки и Бојл.

Во 108 одиграни натпревари, 38-годишниот Кејхил постигна 50 гола и ја претставуваше својата земја на четири Светски првенства.

Тој остана на еден меч од рекордот на Марк Шварцер (109) по бројот на настапи за репрезентацијата на Австралија.