Крај на дилемите: Салах потпиша нов договор со Ливерпул!

Салах

Првата ѕвезда на Ливерпул, Мохамед Салах, стави крај на сите дилеми и потпиша нов долгогодишен договор.

„Се чувствувам одлично и среќен сум што ги освоив сите трофеи со клубот. Ова е убав ден за сите. Конечно сè е завршено“, изјави Салах.

Египетскиот интернационалец долго време водеше преговори околу новата соработка. На крај двете страни пронајдоа заеднички јазик, на голема радост на навивачите.

Англискиот тим го доведе офанзивецот од Рома во 2017 година. Досега тој запиша преку 250 настапи и постигна над 150 погодоци. Тоа го прави лидер на екипата која запиша големи успеси под палката на Јирген Клоп.

30-годишникот моментално стои на деветтото место на вечната листа стрелци на Ливерпул. Новиот договор ќе му овозможи да продолжи да испишува историја на „Енфилд“.