Кожуф тргна во подготовки без тројца фудбалери

Екипата на Кожуф од Гевгелија означи старт на зимските подготовки за пролетниот дел од сезоната во Втората македонска фудбалска лига - Исток.

По средба со претседателот, фудбалерите тргнаа на тренинг и веќе се договорени неколку пријателски средби, против Кит-Го, Борец и неколку екипи од соседна Грција а за термините и местото на одигрување јавноста ќе биде дополнително информирана.

Играчкиот кадар останува 90% истиот од есенскиот дел, а си заминаа само Здравески, Тодоров и Каракамишев. Кожуф презимува на четвртото место на табелата во ВМФЛ-Исток со 25 бода, пет помалку од лидерот Беласица.