Кожуф се договори со Петров, Димитров и Скендери

Екипата на Кожуф почна да крои тим за наредната сезона и на стартот на клупските подготовки промовира нови три имиња.

Нови фудбалери во таборот на гевгеличани се Томица Петров, кој се враќа од Грција, Живко Димитров од Беласица, како и Емир Скендери, кој доаѓа од Академија Пандев. Се очекува тројцата да го засилат тимот за настапите во Втората лига, а најавено е дека тие нема да бидат последните засилувања.

Во тимот приклучени се и играчи од младинскиот погон -  Димитар Јанев, Давид Митровски и Љупчо Јанкулов. Првата контролка Кожуф ќе ја има на 19 јули, на „Градскиот стадион“ во Гевгелија против екипата на Плачковица.