Кожуф поднесе жалба до ФФМ, Тиквеш поради кикс ќе го загуби мечот службено!?

Екопата на Кожуф Гевгелија поднесе жалба до Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) поради прекршување на правилата од страна на ФК Тиквеш, за време на натпреварот од Втората лига - Исток.

Во меѓусебниот дуел, од таборот на Кожуф велат дека Тиквеш не го завршил полувремето со двајца младинци. Во правилникот на ФФМ стои дека „сите клубови учесници во натпреварувањето во вторите лиги првото полувреме мора да го започнат и да го завршат со два фудбалери од кои едниот фудбалер да нема навршено 21 година а другиот да нема навршено 19 години“, а Тиквеш направил измена во 44. минута, повлекол еден од младинците од игра и го прекршил правилникот.

Од Кожуф бараат мечот да биде регистриран со службени 3-0 за нив. Натпреварот кој се одигра во рамки на 7. коло од ВМФЛ - Исток заврши без победник (1-1).

*Целосното соопштение на ФК Кожуф