• Мартин Танасковски
Македонскиот фудбалски второлигаш Кожуф донесе капитално засилување за продолжението од сезоната во мак-фудбалот и потпиша договор со Бојан Најденов.
33-годишниот играч од средниот ред беше слободен по разделбата со Локо Ташкент од Узбекистан и по осум месеци без клуб потпиша со тимот на Кожуф кој е предводен од поранешниот вардарец Филип Десподовски.
Најденов веќе го имаше дебито во новиот клуб, во победата над ГФК Осогово. Фудбалерот е играч со големо искуство во Првата лига и настапи за Брера, Вардар, Работнички и Хоризонт Турново.
Тој има и странски ангажмани во Искра (Црна Гора), Навбахор (Узбекистан), Лачи (Албанија), Ештегал (Иран) и Шмуха (Египет).