• Зоран Мишевски

Второлигашите активно продолжуваат со екипирање на ростерите, а паралелно со тоа тече и одигрувањето на пријателски натпревари за проверката на формата.
Тимот на Кожуф од Гевгелија се засили со двајца млади играчи. Нови фудбалери се Давид Ашовалиев и Милан Миленковиќ, кои доаѓаат од третолигашот Победа од Валандово.
Ашовалиев е 20 годишен играч кој низ неговата кариера настапуваше за Вардарски, Дојранско Езеро, Беласица и Брера Струмица. Тој всушност се враќа во Кожуф каде и ја започна кариерата. Инаку, Ашовалиев веќе постигна гол на пријателскиот натпревар против Новаци, кога Кожуф триумфираше со минимални 1-0.
Миленковиќ е 19-годишен играч кој беше дел од Њу Старс, Беласица, Џокер и Истатов.
Прочитајте повеќе околу трансферите во Македонија и во светот на ОВОЈ линк.
