Ковид-проблемите завршија, Елмас се враќа во стројот на Наполи

Македонскиот фудбалски репрезентативец, Ељиф Елмас, повторно беше „мета“ на коронавируост и го одложи своето враќање во Неапол, каде веднаш по Нова година требаше да му се стави на располагање на стручниот штаб на Наполи.

Но, откако пред заминувањето за Италија доби нов позитивен тест на ковид-19 беше приморан одреден период да остане во изолација во Македонија. Сепак, последните информации кои доаѓаат од Апенините се дека Елмас е негативен на последното тестирање и сега непречено ќе може да се врати во Италија.

Ова е вторпат како Елмас е позитивен на коронавирус. Претходно македонскиот репрезентативец беше приморан да биде надвор од терените пред нешто повеќе од една година.

Елмас речиси сигурно нема да настапи на дуелот против Јувентус кој Наполи го игра утре, а на терените се очекува да се врати на деветти јануари против Сампдорија.