Ковид проблемите сè уште активни во Астон Вила, одложен уште еден натпревар во ПЛ

Раководството на Премиер лигата повторно одложи дуел од најсилното фудбалско натпреварување на Островот, откако натпреварот помеѓу Астон Вила и Евертон што беше закажан за в недела, нема да се одигра. 

Причината за оваа одлука на Премиер лигата е повеќе од јасна – во редовите на Астон Вила сè уште има голем број заразени фудбалери, а останатите членови на екипата се по посебен режим. Од клубот од „Вила Парк“ се надеваат дека наскоро проблемите ќе бидат решени и тимот својот следен дуел ќе го игра на 23 јануари против Њукасл.

Астон Вила од први јануари чека на нов дуел во Премиер лигата, кога го загуби дербито со Манчестер Јунајтед, а оттогаш одигра само уште еден натпревар и тоа со младинци против Ливерпул, во рамките од ФА Купот.