Ковач: Животот ја пишува најубавата приказна, Баерн ќе биде шампион на Бундеслигата

Нико Ковач, тренерот на Баерн Минхен е уверен дека неговиот тим ќе ја освои титулата во Бундеслигата. Баварците на вчерашниот меч со Лајпциг запишаа реми, а Борусија Дортмунд успеа да слави победа, па така на едно коло до крајот на сезоната разликата меѓу нив е само два бода, во полза на шампионот. 

Последен овосезонски противник на Баерн Минхен е поранешниот клуб на Ковач, Ајнтрахт Франкурт. 

„Имаме шанса да станеме шампиони со бод или победа. Животот ги пишува најдобрите приказни. Имам можност титулата да ја освојам против мојот поранешен клуб. Нема да биде лесно, Ајнтрахт има свои европски цели, но верувам во успех на моите момци“, рече хрватскиот стратег. 

Последното коло од германскиот шампионат на програмата е следната сабота од 15:30 часот.