Ковач за останувањето во Баерн Минхен: Верувајте, имам инфо од прва рака! 

Екипата на Баерн Минхен успеа да го одбрани шампионскиот трофеј во една од најнеизвесните сезони на Бундеслигата во последната деценија. 

Баварците стигнаа до посакуваната победа во последното коло над Ајнтрахт Франкфурт и ја грабнаа 29. домашна титула, а по мечот Нико Ковач видно задоволен зборуваше и за својата иднина во клубот. 

„Верувајте, и следната сезона ќе бидам тренер на Баерн Минхен. Сигурен сум во тоа. Имам информација од прва рака, не од втора или трета. Сезоната беше тешка, имавме девет бода негатива, но на крај докажавме дека сме најдобри и заслужено ја освоивме титулата. За крај можам да кажам дека сум многу среќен што навивачите ме поздравија за овој успех и го скандираа моето име“, рече хрватскиот стратег.

Денешниот меч на „Алијанц Арената“ беше посебен за искусното трио Робери, Робен и Рафиња, кои го одиграа последниот натпревар во дресот на Баерн Минхен и емотивно се збогуваа со навивачите. Бразилецот кариерата ќе ја продолжи во својата татковина, додека иднината на Рибери и Робен сè уште не е позната.