ВИДЕО: Ковач скршен од болка, на прес заплака за Крањчар

Хрватскиот менаџер, Нико Ковач беше значително емотивен на прес-конференцијата пред натпреварот на неговиот Монако кај Стразбур

Предводникот на „кнежевите“ погоден од смртта на хрватската легенда Златко Крањчар, на прашањето за него заплака. Тој призна дека е многу тажен и не можеше да ги задржи емоциите.

„Тажен сум, тој ми беше тренер. Простете ми, не ми е лесно бидејќи заедно минавме многу моменти. Златко пред сè беше весел човек и тренер од кој многу научив. Исто така ми ја довери капитенската лента во репрезентацијата, па за мене стана многу важна личност. Сите сме многу тажни за неговата смрт. Нека почива во мир“, изјави Ковач. 

  • Видео од прес-конференцијата: 

Поранешниот селектор на Хрватска и тренер на многу екипи почина вчера на 64 годишна возраст.