Ковач по бизарната елиминација призна: Фудбалот е навистина суров!

Монако несреќно беше елиминиран во плеј-офот на Лигата на шампионите, откако со бизарен автогол му дозволи на Шахтјор реми (2-2), па со поразот во првиот дуел заостана во вкупниот резултат. Капитенот Агилар со навистина несреќен удар го матираше својот голман во продолженијата, по што Монако беше елиминиран, а видно разочаран беше и Нико Ковач.

<<< - ПОВРЗАНО - ВИДЕО: Бизарен автогол го исфрли Монако од ЛШ, Шахтјор во групната фаза

„Фудбалот е навистина суров. Шахтјор имаше еден шут во рамките на голот и даде два гола, а ние имавме веројатно 25 шутеви, од кои десет во рамките на голот. Такви натпревари обично ги добиваме со 3-4 гола разлика. Требаше да погодиме пред полувремето, би рекол дека доминиравме 190 од 210 минути. Тешко е, но горд сум на изведбата на моите играчи. Направивме сè како што треба, но Шахтјор даде два гола со еден шут. Чудно е, но фудбалот мора да го прифати и тоа.

Кога дојдов, ветив дека ќе го вратам Монако во Европа и успеав. За жал испуштивме шанса да играме во Лигата на шамшионите“, изјави Ковач.

Монако поради лошиот старт на домашната пресметка против Шахтјор, кога примија гол, можеби извиси за место во групите на Лигата на шампионите. Сепак, имаат за што да жалат и за вториот натпревар, во кој имаа шанса да постигнат барем уште неколку голови.