Ковач го доби првото засилување, Швеѓанецот Свенсон пристигна во Дортмунд

Новиот тренер на Борусија Дортмунд, Нико Ковач, го доби првото засилување кое доаѓа пред истекот на зимскиот преоден рок. 

Нов фудбалер на „милионерите“ е Швеѓанецот Даниел Свенсон, кој пристигна од редовите на Норсјеланд и се приклучи на шестмесечна позајмица. Дортмунд имаше голем интерес за него уште минатото лето, па се претпоставува дека ќе го откупи неговиот договор веднаш по истекот на сезоната. 

Свенсон е дефанзивец кој игра како стопер, но со леснотија ја покрива и левата бековска позиција. 

Според пишувањата на „Л'Екип“, германскиот клуб понудил и 22 милиони евра за Рајан Черки, но францускиот Лион не го одобрил трансферот.

Прочитајте повеќе околу трансферите во Македонија и во светот на ОВОЈ линк.