Ковач: Чудата секогаш се возможни, ние сме Борусија и никогаш не се предаваме

Нико Ковач, тренерот на Борусија Дортмунд посака неговите избраници да покажат поинакво лице во споредба со првиот натпревар одигран во Барселона.

Во реваншот од четвртфиналето од Лигата на шампионите, „милионерите“ влегуваат со пораз од 4-0, но и покрај тоа Ковач верува во чудо пред своите навивачи.

„Ситуацијата ни е јасна. Сакаме да покажеме сосема поинакво лице во споредба со првиот натпревар и да победиме. Чудата секогаш се возможни, но знаеме дека и Барселона не изгубила ниту еден натпревар оваа година. Мораме да бидеме максимално дисциплинирани, да ги искористиме нашите шанси и да играме со голема страст пред нашите навивачи. Иако е тешко, ние сме Борусија Дортмунд и никогаш не се предаваме“, рече хрватскиот стратег.

На првиот натпревар Борусија Дортмунд не успеа да постигне гол иако имаше неколку изгледни шанси за тоа, додека Барселона немилосрдно казнуваше и заслужено славеше со убедливи четири гола разлика.