ВИДЕО: Костулас со „ножички“ го спаси Брајтон и донесе бод против Борнмут!

Екипата на Брајтон по голема борба се избори за реми против Борнмут (1-1) во натпреварот од 22. коло на англиската Премиер лига. Херој на домашниот тим беше Гркот Харалампос Костулас, кој биеше со прекрасни „ножички“ и ја спаси својата екипа во доцната фаза од мечот. 

Резултатот го отвори Маркус Таверние, кој прецизно реализираше најстрога казна во 32. минута. На паузата гостите заминаа со минимална предност, а истиот резултат го задржаа дури до 91. минута. 

Брајтон во вториот дел „запна“ и се обиде да дојде барем до израмнување, а тоа му појде од рака во судиското надополнување, кога младиот Костулас погоди за 1-1 и донесе огромна радост на трибините. Имаше домаќинот време и за целосен пресврт, но Борнмут успеа да се одбрани и мораше да се задоволи со еден освоен бод. 

  • Извештај од натпреварот:

Двете екипи се наоѓаат во втората половина на табелата - Брајтон е на 12. место со 30 бодови, додека Бормнут има три бода помалку се наоѓа три позиции подолу.