Костовски втор меч во низа погоди за Леувен

Македонскиот напаѓач Јован Костовски ја продолжи гол-серијата во Белгија и повторно тресеше мрежа за неговиот тим Леувен.

Екс-напаѓачот на Вардар и Леувен се борат за место во Лигата на Европа, но тешко им оди, затоа што две кола во низа немаат победа. По ремито кај Зулте Варегем (2-2), Леувен и Костовски загубија со 1-2 од Лирс.

Токму Костовски беше единствен стрелец за голот за домашните, откако во 73. минута го намали поразот на 1-2. Леувен во наредното коло гостува кај Беверен.