• Александар Ковачев

Јован Костовски продолжува со добрите игри во шампионатот на Белгија, откако постигна нов гол за својот Леувен, но за жал на крајот неговиот тим беше поразен со 2-1 против Кортријк на гостински терен.
Нашиот интернационалец доби шанса за настап од првата минута, а голот го постигна во 46. минута и ги постави конечните 2-1. За домаќините двата гола ги постигна Теди Шевалие со удар од белата точка.
За повремениот македонски репрезентативец новиот погодок е негов трет во групата А за пласман во полуфиналет на плеј-офот.