Костовски со гол за Леувен на стартот од новата сезона во Белгија

Македонскиот фудбалски репрезентативец Јован Костовски со гол ја започна новата сезона во Втората фудбалска лига на Белгија, откако погоди во ремито на својот клуб Леувен на гостувањето кај Ломел Јунајтед (2-2).

Нашиот интернационалец Костовски во 42. минута од мечот погоди за предност од 0-1 на својот тим, резултат со кој се замина на паузата помеѓу двете полувремиња. Домаќините на стартот на вториот дел израмнија, но составот на Леувен многу набгру повторно поведе со 1-2, за да Ломел Јунајтед во самиот финиш на мечот повторно израмни и дојде до бод (2-2).

Костовски иако беше поврзуван со заминување од клубот по испаѓањето од Првата лига на клубот, сепак се одлучи да го обнови договорот со Леувен и да биде главен адут на тимот во борбата за повторно враќање идната сезона меѓу прволигашите.