Костовски погоди за Леувен во несреќното реми против Ломел

Повремениот репрезентативец на Македонија, Јован Костовски постигна нов гол за белгиски Леувен, кој се натпреварува во Втората лига на Белгија.

Леувен на домашен терен одигра несреќно реми против Ломел (2-2), а Костовски го постигна погодокот за пресврт од 2-1 во 84. минута. Тимот на Македонецот беше на прагот да забележи победа, но сепак, гостинот се спаси со гол во 93 минута.

За Костовски ова е трет гол во Белгија, откако претходно тој погоди против Ломел и Лирс.