Костовски погоди мајсторски, но Леувен испушти победа во финишот

Македонскиот интернационалец Јован Костовски ја продолжи гол-серијата во дресот на белгиски Леувен.

По погодокот на мечот против Розеларе во минатото коло, македонскиот фудбалер успеа да погоди и на натпреварот против Лирс, кој заврши со резултат 1-1. Поранешниот вардарец го отвори резултатот во 44. минута, откако излезе пред голот на противникот и ефектно го лобува Ванхамел.

Но, радоста на Леувен беше скратена во самиот финиш, поточно во 94. минута, кога Де Белдер погоди за 1-1 од белата точка.

За Костовски ова е петти гол сезонава во дресот на Леувен.