• Зоран Мишевски

Јован Костовски го постигна победничкиот гол за белгискиот клуб Леувен во победата од 1-0 против Кортријк на домашен терен. Скопјанецот по повредата се врати во стартниот тим на екипата која се бори за опстанок и донесе важни три бода.
Костовски голот го постигна во 75. минута со убава реакција во казнениот простор, а седум минути подоцна беше повлечен од игра, за да се задржи водството и победата.
Јаневски и неговиот Мускрон сега паднаа на претпоследната позиција на табелата, а Леувен го мина тимот на бившиот селектор и сонува за опстанок во белгиската лига.