• Мартин Танасковски

Македонскиот интернационалец Јован Костовски постигна гол за својот Леувен во рамките на белгиската Проксимус лига.
Леувен како гостин загуби со 2-1 (1-1) од Розелар, а Костовски успеа да стрела во 37. минута од мечот.
За македонскиот фудбалер ова беше 20-ти меч сезонава, на кој го постигна шестиот погодок.
Леувен е во голема резултатска криза и има пет порази во низа. Во наредното коло тимот се соочува со веќе отпаднатиот Ломел Јунајтед.