ВИДЕО: Костов и Калпачки го испратија Скопје со празни раце од Штип

Фудбалерите на Брегалница ја запишаа досега најважната победа во новата сезона во Втората македонска фудбалска лига, откако во дербито на осмото коло со сигурни 2-0 го совлада директниот конкурент за највисок пласман – Скопје. Со денешните три бода „сините“ од Штип се вратија на лидерската позиција со идентичен скор како Шкендија Арачиново (шест победи, две ремија и нула порази), но со подобра гол-разлика.

На денешниот натпревар беше „сефтосана“ новата трибина на штипскиот стадион, а присутната публика уживаше во одлична фудбалска средба, исполнета со многу борба и шанси пред двете страни. Но, постигнаа само два гола, кои за радост на штипјани, затресена беше мрежата на Скопје. 

Се играше седумнаесеттата минута кога Костов по еден центаршут од лева страна, биеше мајсторски со глава и го доведе својот тим во водство од 1-0. Во продолжението двете екипи играат со отворен гард и креира по неколку шанси, но голманите беа на висината на задачата. Во самиот финиш Скопје остана со играч помалку, а нововлезениот Калпачки во судиското надополнување стави печат на победата на Брегалница од 2-0.

Во следното коло Брегалница ќе се судри со тимот на Големо Коњари, додека Скопје на свој терен треба да го пречека Новаци.

ФОТО: ФК Брегалница