ФОТО: Костов ги построи кавадарчани, Тиквеш тргна со подготовките

Влатко Костов ја одржа првата прозивка и означи старт на подготовките за новата сезона во таборот на Тиквеш.

Кавадарчани се собраа на првиот тренинг, тука беа и неколку играчи кои нема повеќе да настапуваат за клубот Благоја Љамчевски, Ристе Каракамишев и Методија Делов, а предводникот им се заблагодари за нивниот придонес. Тиквеш ќе тренира во својот град во првиот дел од подготовките. 

За вториот се планира заминување надвор од Кавадарци, но локацијата засега е непозната. Исто така, најавени се неколку пријателски натпревари и засилувања, кои ќе бидат објавени во наредниот период. 

Тиквеш во претходната сезона мораше да игра бараж за опстанок во ПМФЛ, а на истиот славеше против Воска Спорт со 4-1.