• Саше Љолес

Турските медиуми пишуваат дека стручниот штаб на Фенербахче е незадоволен од настапите на Филип Костиќ и управата нема да го откупи неговиот договор по завршувањето на сезоната.
Српскиот репрезентативец пристигна на позајмица од Јувентус и беше најавен како огромно засилување, но Жозе Мурињо и неговите соработници решиле дека тој не им е потребен во тимот, без оглед што откупната клаузула изнесува само шест милиони евра.
Костиќ во дресот на Фенер одигра 14 натпревари, но забележа скромен учинок од само еден гол и две асистенции, па затоа Мурињо не сака да го задржи во тимот и тој летово сигурно ќе се врати во Јувентус.
Кариерата ја започна во Раднички 1923, а потоа играше за Гронинген, Штутгарт и Ајнтрахт Франкфурт.
Прочитајте повеќе околу трансферите во Македонија и во светот на ОВОЈ линк.