• Горан Упале
Екипата на Ружомберок, за која настапува македонскиот репрезентативец Тихомир Костадинов, без многу мака го мина второто коло од Купот на Словачка, откако на гости со убедливи 0-6 славеше на дуелот со Нове Место.
Македонскиот играч за врска повторно се најде во стартниот состав на својот тим и пружената шанса ја искористи со погодок, негов дебитантски оваа сезона. Костадинов погоди во 30. минута, за 0-2 за Ружомберок.
До крајот на првиот дел фаворитот постигна уште два гола (0-4), додека во вториот дел со нови два погодоци си обезбеди шеснаесеттинафинале во Купот на Словачка.
Противник на Ружомберок во оваа фаза најверојатно ќе му биде тимот на Жилина, кој што е голем фаворит на натпреварот со Једнота Банова.