• Горан Упале
![](https://www.gol.mk/static/styles/main_article_image_focal/public/2021/12/16/makedonija-island-fudbal-2889.jpg?itok=yiBulkvV)
Македонскиот фудбалски репрезентативец Тихомир Костадинов својата кариера ја продолжува во Полска, каде ќе ги брани боите на Пјаст Гливице.
Одличниот играч за врска ја завршува ерата во редовите на Ружомберок, чиј дрес го носеше четири сезони и се реши за чекор напред во кариерата. 25-годишниот голем борец на средината на теренот зад себе остави одлични настапи во словачкиот тим, кои беа забележани од претходниот македонски селектор Игор Ангеловски, а кај новиот се наметна како еден од стандардните во првиот состав.
Пјаст Гливице е шестиот клуб на Костадинов во кариерата, откако претходно настапуваше уште за Моравац, Злате Моравче, Бањска Бистрица и Тетекс.
За Македонија дебитира во 2019 година и досега има одиграно 16 натпревари.