ВИДЕО: Акција од учебници на Македонија, Костадинов мајсторски го „почести“ Тричко

Македонската репрезентација обезбеди сигурна предност во вториот дел од пријателскиот дуел против Казахстан.

Стрелец на погодокот беше Иван Тричковски, кој седми пат се запишува во листата на стрелци во националниот дрес. Акцијата ја започна Горан Пандев, а несебичното додавање пристигна во режија на Тихомир Костадинов.

  • Голот на Тричковски за 2-0 против Казахстан​:

Ова е последен тест за Македонија пред почетокот на Европското првенство, на кое ќе дебитира на 13 јуни против Австрија.