• Мартин Танасковски
Тихомир Костадинов, македонскиот младински репрезентативец, постигна два гола во убедливиот триумф на неговата екипа Ружомберок.
Ружомберок во раната фаза од Купот на Словачка со убедливи 10-0 (5-0) славеше над екипата на Велка Ломница, а нашиот интернационалец даде два гола. Костадинов го отвори резултатот уште во 7. минута, додека вториот гол пристигна во 20. минута од средбата.
Костадинов во редовите на Ружомберок пристигна по Европското првенство (ЕП) во Полска.