Костадин Захов е новата „единица“ на Беса

Екипата на Беса од Добридол почна со промоција на новите играчи, а прв кој доби такво нешто е „единицата“ Костадин Захов кој доаѓа од редовите на Воска Спорт.

36-годишниот чувар на мрежата не го продолжи договорот со охриѓани и побара нова средина која ја најде во Беса која обезбеди историски место во ПМФЛ. Тимот кој за првпат дојде до елитен статус во мак-фудбалот, доби искуство меѓу стативите.

Захов низ историјата покрај за Воска играше и за Шкендија, Брегалница, Турново, Вардар и Беласица.