Косовски напаѓач стана најскапо засилување за повратникот во ПЛ

Екипата на Норич се врати во Премиер лигата откако ја освои Чемпионшип титулата на убедлив начин. 

Сега, клубот потврди дека има амбиции да опстане во елитата, бидејќи го направи најскапиот трансфер во клупската историја. Ново засилување на „канаринците“ е Милот Рашица од Вердер Бремен, а за неговите услуги ќе платат 18 милиони евра. 

  • Официјална потврда на трансферот: 

Рашица беше на мета на многу европски клубови, но интересот полека спласна и јасно беше дека ќе замине откако Вердер испадна во „Цвајте“. Оваа сезона не беше најдобра за крилниот напаѓач, бидејќи постигна три погодоци и запиша пет асистенции.