ВИДЕО: Косовската полиција нема милост, уапси фудбалер на Приштина за врeме на меч

Невиден настан викендов се случи во Косово за време на натпреварот во фудбалската Суперлига помеѓу Беса Пеќ и Приштина, дуел кој заврши со победа на гостите од 1-2.

Имено, дефанзивецот на Приштина, Лиридон Лечи во 52. минута од средбата заработи црвен картон и беше исклучен од игра. Поради ова беше приморан мечот да го догледа од трибините. Во самиот финиш во 90. минута голманот на Приштина, Албан Мукиќ се повреди, а Лечи се симна на терен за да види во каква состојба е.

Во тие моменти полицијата се обиде Лечи да го врати на трибините при што си размениле неколку непријатни зборови, па припадниците на безбедносните сили го уапсија и го однесао во станица, каде му е одреден 48-часовен притвор.