• Мартин Танасковски
Косовскиот репрезентативец Ведат Муричи ќе ја продолжи кариерата во редовите на Фенербахче, потврдија од турскиот великан.
32-годишниот напаѓач пристигна во Истанбул, каде ги мина задолжителните медицински прегледи и ги финализира последните детали околу трансферот. За Муричи ова е враќање во клубот чии бои веќе ги бранеше во периодот од 2019 до 2020 година, кога со своите настапи си обезбеди трансфер во италијански Лацио.
Косовецот зад себе имаше одлична сезона во дресот на Мајорка. Во изминатото првенство постигна 23 голови на 37 натпревари и заврши како втор најдобар стрелец во Ла Лига, веднаш зад напаѓачот на Реал Мадрид, Килијан Мбапе.
Муричи беше член на Мајорка од 2022 година, а претходно настапуваше и за Лацио, Ризеспор, Генчлербирлиги, Гиресунспор и албанска Теута. Фенербахче со неговото враќање добива проверен голгетер и фудбалер кој веќе е добро запознаен со барањата и атмосферата во турскиот фудбал.

