Легендарниот Артим Шаќири не е повеќе тренер на косовскиот клуб Фљамуртари од Приштина, откако, вчера, по само десет натпревари од почетокот на сезоната, си поднесе оставка. Неполни пет месеци траеше авантурата на Шаќири во Косово. Фљамуртари по десет кола во косовското првенство собра само девет освоени бода и запиша две победи.