Косово се засили со швајцарски голгетер за дуелот со Македонија!?

Талентираниот Енди Зекири игра во Швајцарија, за екипата на Лозана. Играчот има настапи за младинските селекции на оваа земја, но според најавите тој ќе заигра за сениорската екипа на Косово

Младиот напаѓач е роден во Швајцарија, но со потекло е од Косово. Очигледно тој се реши да му помогне на националниот тим со тоа што ќе го смени дресот пред пролетниот плеј-оф од Лигата на нации во Скопје

Фудбалската федерација на Косово на својот Инстаграм профил објави фотографии од играчот со претседателот Агим Адеми и напиша: 

„Дали ќе биде изненадување за 2019 или „бомба“ за 2020 година?“

Зекири за У21 репрезентацијата на Швајцарија запиша седум настапи и шест погодоци, од кои два против Франција. Оваа сезона за екипата на Лозана има 16 гола во 21 одигран натпревар. 

  • Објавата на Косовската федерација:
 
 
 
 

 
 
 
 
 
 
 
 
 

A do të jetë kjo surpriza e vitit 2019 apo do të jetë e 2020?

A post shared by Federata e Futbollit e Kosovës (@ffk_kos) on

Инаку овој напаѓач мина краток период на проба во младинските категории на Јувентус  во сезоната 2016/17, но се врати да настапува во првиот тим на Лозана каде што ја започна кариерата.