Косово пред долгогодишна суспензија, ќе добие ли Македонија нов ривал во ЛН?

Медиумите во Приштина јавуваат за голема закана за косовскиот репрезентативен фудбал, заради мешање на политиката во спортот. Потенцијална суспензија нетежнала над Косовската фудбалска федерација, а според ригорозните правила на УЕФА и ФИФА, најлошата опција е исклучување од сите интернационални натпревари на клубови и репрезентации во интервал од една до пет години.

Обидот да се смени претседателот на федерацијата, Агим Адеми и мешањето на политиката во спортот се причините кои се наведуваат за суспензија на косовскиот фудбал. 

Суспензија може да значи нашата сениорска репрезентација во март да игра полуфинале на Лигата на нации со друг противник или директно без борба да се пласира во финалето.

Косовските медиуми се повикуваат на суспензии заради мешање на политиката во спортот на фудбалските федерации на Нигерија и Камерун.