ВИДЕО: Косово одново ги надигра нашите надежи во Скопје

Македонската фудбалска репрезентација до 21 година повторно загуби од соодветната селекција на Косово (0-1) во вториот контролен натпревар меѓу двете селекции кој се одигра на тренинг центарот „Петар Милошевски“ во Скопје. 

Ако на првата средба пред неколку дена видовме четири гола (1-3), денес прашањето на победникот беше решен со само еден погодок. Одлучувачкиот момент на средбата се случи во финишот од првото полувреме, откако нашата одбрана на чело со голманот Василев потфрлија при еден налет на гостите и Битиќи од непосредна близина со глава ја смести топката во нашата мрежа за победа на Косово од 0-1.

Новата генерација на Драги Канатларовски во вториот дел проба да го поправи впечатокот и имаше иницијатива и шанси но резултатот остана непроменет.