ФОТО: Косово нема лош тим – еве како ќе изгледа против Македонија

Македонија и Косово ги одбројуваат деновите до историскиот натпревар во плејофот од Лигата на нациите, а веќе се предвидува и составот на нашиот ривал во борбата за пласман на ЕП 2020.

Косово во Скопје ќе изгледа доста офанзивно, а селекторот се очекува да игра со формација 4-2-3-1. Меѓу стативите ќе биде Муриќ, одбранбената четворка ќе ја сочинуваат Војвода, Рахмани, Алити и Паќарда, а во редот за врска се Криези и Воча.

Најсилниот дел е офанзивната линија, каде играат најзвучните имиња - Зенели, Челина и Рашица, а најистурен во нападот е Муричи.

  • СТАРТНИОТ ТИМ НА КОСОВО

Голман: Аријанет Муриќ (21, Нотингем Форест, Антлија)
Одбрана: Мергим Војвода (25, Стандард Лиеж, Белгија)
Одбрана: Амир Рахмани (25, Верона, Италија)
Одбрана: Фидан Алити (26, Калмар, Шведска)
Одбрана: Леарт Паќарда (25, Сандхаузен, Германија)
Среден ред: Идриз Воча (22, Луцерн, Швајцарија)
Среден ред: Хекуран Круезиу (27, Цирих, Швајцарија)
Среден ред: Милот Рашица (27, Вердер Бремен, Германија)
Среден ред: Берсант Челина (20, Свонси, Англија)
Среден ред: Арбер Зенели (24, Реимс, Франција)
Напад: Ведад Муриќи (23, Фенербахче, Турција)

Натпреварот меѓу Македонија и Косово во рамки на плеј-офот од Лигата на нациите се игра на 26 март, на Арената „Тодор Проески“ во Скопје со почеток од 20:45 часот. Победникот од овој дуел ќе игра финале со Грузија или Белорусија, за „виза“ на ЕП 2020.