Косово ја налути Англија: Ѝ даде гол за 35 секунди, па доби „петарда“ (ВИДЕО)

Фудбалската репрезентација на Косово е пред првиот пораз во последните 16 натпревари затоа што на гостувањето кај Англија има висока негатива (5-2).

Првото полувреме го одбележаа шест гола, но пет од нив беа во мрежата на Косовците. Интересно, гостинот од Приштина поведе прв, со гол на Бериша по 35 секунди игра, а потоа следеше вистинска канонада.

Со голот, Косово како да ги налути Англичаните, кои почнаа да играат во полна сила и дадоа пет гола. Во 8. минута од мечот, Стерлинг изедначи на 1-1, а потоа Кејн по асистенција на Стерлинг, во 19. минута го направи пресвртот.

Во 38. минута, Војвода си даде авто-гол за 3-1, а потоа во 44. и 46. минута следеа два гола на Санчо и тоа пак по асистенција на Стерлинг, за 5-1 на паузата.

На стартот на вториот дел Косово постина нов гол во мрежата на Англија, преку Бериша за 5-2, а потоа, Муричи од пенал намали на 5-3. Останува да ја видиме реакцијата на „гордиот албион“ на новите два гола...

Европско првенство, Квалификации, Група A
ОН П Н И Гол. ГР Форма Бод.
1 АнглијаАнглија 7 6 0 1 33:6 27 18
2 ЧешкаЧешка 7 5 0 2 13:10 3 15
3 КосовоКосово 7 3 2 2 13:12 1 11
4 Црна ГораЦрна Гора 8 0 3 5 3:22 -19 3
5 БугаријаБугарија 7 0 3 4 5:17 -12 3