Косово именува Словенец за привремен селектор

Лошите резултати од септемвриските и октомвриските натпревари од квалификациите за Светското првенство во Катар, донесоа промени на кормилото на косовската фудбалска репрезентација. 

Словенечкиот стратег Примож Глиха ќе го предводи Косово на следните два натпревари против Грција и Јордан. Глиха од почетокот на оваа година беше во улога на советник на Швајцарецот Бернард Шаландес, кој неделава спогодбено го раскина селекторскиот договор, оставајќи го Косово последнопласирано во групата Б со само четири бодови од седум натпревари.  

Словенецот ќе биде привремено решени за испразнетата селекторска клупа, бидејќи Косовската фудбалска федерација верува дека може на клупата да го доведе Германецот Феликс Магат.